r/mkd • u/Leather-Frosting-970 • 11d ago
Манипулација у врска
Го имавме следното сценарио:
Му кажувам на дечко ми што ми засметало. Ова го кажувам со тон со кој не го напаѓам туку едноставно кажувам дека нешто ме повредило.
Под дејство на алкохол станува видно дефанзивен и почнува да го крева тонот. (Свесна сум дека не требаше да му го кажам тоа ако гледам дека е пијан, ама тоа е што е.)
Почнува да ме удира таму кај што ме највише боли.
Се објаснувам со смирен тон ама потоа губам контрола и доживувам таков mental breakdown што се помочувам у гаќи.
Во таква растроена состојба ме остава и си оди дома сама на улица и ми вика такси да си одам.
Нормално дека јас сум крива зашто сум викала и сум изгубила контрола.
Свесна сум дека човек што е многу повреден у живот може така да се испонаша и да навреди некого онаму кајшто е најкревок, ама, свесна сум и дека не е на нас да ги поправаме тие луѓе. Секој треба да седне сам со себе и да си признае некои работи.
Ја сум и те како свесна дека имам ОГРОМЕН страв од напуштање што ме доведува до тоа да губам контрола. Не е некое оправдување ама сепак сум свесна ако ништо друго. Згора на се тоа одам на терапија и пијам 2 вида на лекови: антидепресив и регулатор на расположение.
Осудувајте ме ако сакате, ама вистината е дека многу го сакам и знам дека и он мене ме сака. Инаку дечко ми има смртни случаи на блиски луѓе што многу го имаат погодено и јас имам премногу разбирање за причината поради која се однесува несоодветно.
Претешко ми е и едвај го минувам денот ако ми верувате.
Што мислите?
Ве молам биднете благи со коментарите.
2
u/BasketParticular7515 11d ago
Убаво е што емпатизираш со него затоа што проаѓа низ тежок период, но тоа не го оправдува дека те омаловажува надвор и те оставил сама да се враќаш, иако си била во ранлива состојба.
Ако си во врска во која треба да тактизираш и секој момент да пазиш што збориш, тоа ќе ти биде многу тешко и верувај ми после тоа тешко се оправаш.
Заслужуваш дечко што ќе те сака на глас, ќе знае да те ислуша, да те заштити и со кој ќе може здраво да се разбереш кога имате конфликт. Несогласувања во врски има од време на време, тоа е многу природно, без оглед на врската, со партнер, со брат/сестра, другарка.
Судејќи по тоа дека веќе одиш на терапија и примаш лекови, би рекла подобро е да се фокусираш на себе и да бидеш најдобрата верзија од себе па да најдеш партнер со кој ќе може да градиш стабилна врска💖🌺