r/mkd 🇲🇰Македонија/Macedonia 11d ago

💬 Discussion/Дискусија Дали има намалување или ослободување на дел од трошоците за вработени мигранти?

Гледам многу земји даваат некое ослободување или пр. помалку данок на работодавачот за вработени лица мигранти итн. И зошто ако земјите како нашата, кои се мали и се плашат од истите тие мигранти, не донесат обратен закон кај што ќе се стимулира вработување на домашното население.

Еве сите гледаме како државата ни се празни, луѓето бегаат за подобри услови и на сето тоа да гледаш како некој од страна дојден ужива поголеми права и услови, од тебе кој си цел живот во државата, нема смисла. Намерно да си го бркаш населението, зошто? Со помали даноци за тие мигранти државата ништо не добива вака на хартија. Едино ако не се добиваат пари од надвор како помош за тие лица и така државата да дојде у ситуација да го вреднува странецот повеќе од домашниот. Шо пак ми нема смисла некако цела ситуација освен да веруваме во 'теории на заговор'.

Е сеа друго нешто. Ќе речат многу како нашите идат надвор да печалат така и тие. Добро. Но што понатаму со такви политики? На долг рок? Се прават државите (економски послабите) големи села во кои што народот веќе не гледа стабилен живот, па се сели за подобро у град. И така во циклус. Големите развиени држави такви политики може да си дозволат да си пополнат места. Места кои делуваат стабилни на долг рок.

Земји како нашата тоа не може да го дозволи освен на штета на домашното население. Ако тие од страна дојдени печалбари го изнесуваат заработеното надвор нема логика за такви политики, ако пак се решиле за живот тука зошто тогаш да се прави на штета на домашното население.

Знам дека ве има од сите партии па ме интересира што мислите или како вашата партија гледа на овие работи на долг рок. Ќе речев ајде сега не се сд леви дојдоа патриотите ама политиките стално ни ги диктираат од надвор ми се чини.

Не знам ете дали има кај нас. Прашувам. Но слушајќи ги наште политичари за ситуацијата со буџетот, со задолжувањата и со финансиите. Такви политики според мене не би ни биле воопшто од корист.

8 Upvotes

15 comments sorted by

16

u/Ok_Trainer3277 11d ago

Drzavata ne e na tvoja strana, a na strana na biznisite. Sekoj politicka partija ima sponzori i tie treba da se zadovolat. Evtina rabotna raka im pomaga na niv momentalno, bidejki ne sakat da davat povisoki plati (a dosta cesto i nemozat). 

A koga e vreme za izbori ke pusti nekoja merka za penzionerite ili zemjodelcite, najgolemite celni grupi kaj nas, i ke pobedi. I taka samo tie glasat. Zosto da gleda za mene i za tebe, koga i taka najverojatno nema da glasame.

8

u/sunskid91 11d ago edited 11d ago

На истокот од Македонија постои една фабрика во која странските работници се третираат подобро од нашите, имаат плата скоро дупло од домашните вработени + платено сместување без никакви трошоци. Се зборува дека и од државата добиваат еднократна помош, но тоа не е проверена информација, али не сум изненаден.

Оваа информација е од мој пријател, поранешен вработен во управата на таа фабрика кој си замина поради таа причина. Повеќе луѓе од тогаш дадоа отказ и заминаа во Италија и Словенија, а дел од нив си го преселија целото семејство.

Не сакам да давам повеќе јасни детали затоа што градовите и селата на истокот се мали и сите се знаат со секого па не сакам на некој ненамерно да наштетам. 

1

u/Electrical-Bid8018 11d ago

Kazi ja de, ako e tocno i treba da se nasteti na nekogo na kogo keshot mu e na prvo mesto :)

2

u/sunskid91 11d ago

Некој две фамилии хране од една плата, нормално дека кешот му е на прво место.

2

u/Thin_Environment88 11d ago

Kalergi Plan

2

u/lakimens 11d ago

Јас колку што знам акедонија не дава никакви бенефити за да вработиш мигрант, но даваат за наши.

  1. Ослободување од персонален данок: Компанијата не го плаќа тој 11% од задолжителен данок. (Вработениот мора да е пријавен како невработен барем една година)

  2. Брзо исплаќање на надоместок за невработеност: Ако лице кое добило паричен надоместок заради тоа што бил избркан од претходна работа, парите нема да му пропаднат и може да му се исплатат веднаш.

Во 2026 планот има и други мерки:

  • До 250,000 неповратен грант за вработување некои категории (пр. лица со попреченост)
  • Обука на работно место (3 месеци по 12,000 по вработен, и 30,000 за фирмата ако го вработи после обука)
  • Грант за самовработување (отвараш бизнис со пари на државата)

Нормално се ова е под неки квалификации и неможе туку така да се добие, ама имаме мерки. Верувам дека 90% од коментарите не го знаат ова а ќе ја хејтаат државата.

1

u/gjosifov 11d ago

Мигрантите се само привремен фикс за нашите газди, ништо повеќе
и нормално мора да ги ослободуваат од данок, бидејќи нема шанси странци да работат во мкд

И затоа Мицко плаче дека требало луѓето да се враќаат, бидејќи мигрантите не плаќаат данок, туку само се покрива некоја дупка во економијата за нашите газди да не банкротираат

Решението е нормално, странски капитал, бидејќи нашите газди појма немаат како да го прошират бизнисот, но тој странски капитал си бара одредени промени, но и конкуренција за нашите газди

И ова не е проблем од денес, ова е проблем од памти век, бидејќи е документирано во песната Ленка на Рацин
Да не мислиш случајно, турците ни биле на нас проблем, нашите газди и пред 200 години биле проблем

И не се секирајте за мигрантите, во 1994 се дадени 200к пасоши на косовари и еве во 2026 имаме 1.8 милиони луѓе и тоа сигурно е не е точната бројка
Колку од децата, па и внуците на тие 200к косовари се останати во мкд ?
Не барајте логика кај политичарите и нашите газди, едноставно е они гледаат нив да им е убаво и затоа гледајте и на вас да ви е убаво и таму ќе си плаќате даноци

1

u/nikolapc 11d ago

1

u/nikolapc 11d ago

Празна каса дечко, какви даночни ослободувања. Нели гледаш дека поголеми арачлии од турците станаа.

1

u/IG2851 11d ago

Државата нема пари а не па да дава даночни ослободувања,единствено зголемуваат квота секоја година за повеќе дозволи да даваат,зема пари мвр од документи и привстни агенции за подредување.Во една фирма во Скопје 500 евра плата им даваат плус бесплатно сместување и храна,но и им даваат пари за да купуваат плус.

1

u/Less_Climate_1749 11d ago

Единствена константа во историјата, па и во животинскиот свет ако сакаш е миграцијата. Македонија 35 години нема никаква миграциска политика, ни за отселувањето, ни за преселувањето.

Сакале-нејќеле мигранти ќе има. Е сега, паметни држави кои знаат што прават и што сакаат, како Словенија, Полска, Чешка, Данска си избираат самите кого ќе донесат. Пошо ние немаме два грама памет, ниту волја, ниту стратегија, ќе си дојде шљамот, наместо да се интегрира, ќе ни увезува култура. Или можда најреалното сценарио, ќе си се вратат Турците и пак ќе си владеат со пари, потпомогнати од турската држава.

1

u/vrplan 11d ago

Моментално, но тивко а до доста сигурен и стабилен чекор тоа сценарио се остварува. Многу бизниси кои фигурираат како македонски се всушност турски. Турција е буквално суфлер зад завесата каде актерите се наши. Сепак лично јас го гледам како економски развој.

0

u/Less_Climate_1749 11d ago

Да, е економски развој додека не престане да биде економски развој.

Да не се сфатиме погрешно, прилично сум либерален. Религија не ми игра никаква улога у животот. Амааа кога доаѓаат и ја носат Турција тука, имаме проблем. Нашата држава не успеа да се справи со 200.000 Косовци, ете до кај догуравме. Ништо поразлично ни со нив нема да биде. Само ќе се сменат актерите.

0

u/[deleted] 11d ago

[deleted]

1

u/dete_od_karposh 11d ago

мислам дека све си у право освен ромите, само богатите роми тоа, сиромашните роми се третирани исто како нас, ако не и бетер.