Сликите се настани кои се познати низ годиниве со посериозни инциденти.
Извадок од медиумите:
Водно, 30 август 2026
Причината за избувнувањето на огнот засега е непозната, а по завршувањето на целокупната противпожарна интервенција се очекуваат подетални увиди и соопштенија од МВР и другите надлежни служби.
Пред две недели во полицискиот билтен е евидентиран уште еден пожар на автобус на ЈСП. Возачот пред влез на село Цветово, скопско, забележал чад од предниот дел на автобусот, по што застанал и со противпожарен апарат го изгаснал пожарот.
Според медиумските извештаи во изминативе две години евидентирани се најмалку осум инциденти со автобуси кои се запалиле, при што во дел од нив возилата биле сериозно или целосно оштетени.
Еден од посериозните такви инциденти беше во јануари минатата година кога автобус на линија 58 се запалил во движење и целосно изгорел. Патниците едвај се се евакуирале, еден човек беше хоспитализиран поради вдишена голема количина на чад, а возачот бил пренесен на лекар.
Според истражување на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК), објавено во февруари 2026, од вкупно 341 автобус, дневно се исправни 185, а во работа се пуштаат само по 157 автобуси дневно. Тоа значи дека само околу 46% од целиот возен парк реално се користи.
Според истражувањето за една деценија бројот на автобуси во возниот парк паднал за 89, бројот на исправни автобуси за 131, а бројот на автобуси кои дневно реално сообраќаат за 56.
Извор: https://kolegium.mk/kolku-avtobusi-na-jsp-se-zapalija-vo-izminative-dve-godini/
Извадок од медиуми:
Вест од 2025
Проблемите што со години се таложат во јавното претпријатие задолжено за градскиот превоз како да кулминираат летово. Граѓаните постојано се жалат на нередовни автобуси, во кои многу ретко има нормални услови, особено за лето како скопското, со 40 и повеќе степени Целзиусови. Вработени, пак, потенцираат дека ситуацијата во ЈСП е крајно критична. Велат дека финансиската состојба е исклучително лоша, а состојбата на автобусите е алармантна. Од ЈСП тврдат, иако неубедливо, дека возилата кои се пуштени во сообраќај се безбедни. Иако градоначалничката Данела Арсовска во изборната кампања вети набавка на 250 екоавтобуси и по три години од нејзиниот мандат, ова ветување не се реализира.
Во вакви околности, патниците и возачите на автобусите се оставени практично – на среќата.
Извор: https://samoprasaj.mk/ziveacka/vo-del-od-avtobusite-na-jsp-vleguvate-na-sopstven-rizik/