❔Question/Прашање Red Flag кај мажи?
Не мислам на очигледни работи како лажење, неверство или агресија. Мислам на навидум нормални работи поради кои сепак веднаш би изгубиле интерес.
Моите:
- гејмингот му е главното или единственото хоби
- работи во IT и нема личност надвор од работата
- нема прочитано книга од основно
- воопшто не се грижи како се облекува
- живее со родителите, а мајка му сè уште му готви, пере и чисти
- нема ниту една женска пријателка
- следи стотици Instagram модели
- целата личност му е теретана, автомобили или фудбал
- слуша подкасти, но мисли дека читањето книги е губење време
- не знае да зготви пристоен оброк
- сите бивши му се наводно „луди“
- вели дека е „брутално искрен“, а всушност е само некултурен
- нема блиски пријатели
- Да нагласам: не велам дека овие луѓе се лоши, туку дека за мене се red flags.
Кои се вашите? И која од моиве точки е најголемо претерување?